Навивач со пaлка го бркаше судијата на мечот Хајдук – Ријека (видео)

Долгоочекуваното дерби во хрватското првенство меѓу Хајдук и Ријека заврши 1:1, но фудбалот беше во втор план. Мечот мина во навредите кон Србите, транспарентите на кирилица и обидот на еден навивач со палка да го претепа главниот судија.

Навивачите на Хајдук, познати под името „Торцида“, најпрвин традиционално започнаа со провокации кон сопрничката група со пораката дека се „пријатели на Србите“, а потоа истакнаа транспарент на кирилица „По морето плови еден мал брод“.

Потоа на стадионот „Пољуд“ домашните навивачи скандираа „За дом спремни“ и „Убиј го Србинот“.

Врв на хаосот беа расистичките навреди упатени кон стрелецот на голот за Ријека Хамзи Бари и влегувањето на еден домашен навивач на теренот, кој со палка во рацете го бркаше главниот судија Марио Зебец.

Инцидент спречија домашните фудбалери кои го сопреа навивачот, а обезбедувањето реагираше дури откако публиката започна да ракоплеска.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s