Презервативите од Кина премали за потребите на Зимбабве

Министерот за здравство на Зимбабве се пожали дека презервативите направени во Кина се премали за неговите граѓани. Давид Париренјатва говорејќи на конференцијата за ХИВ во Хараре минатата недела се осврна на кондомите што ги произведува Кина.

„Јужноафриканскиот регион има голема стапка на заразени со ХИВ и ние сме многу посветени на промоцијата за заштита“, изјави тој на конференција.

„Младите веќе знаат кои кондоми најмногу ги сакаат, но ние не ги произведуваме. Ги увезуваме од Кина, а мажите се жалат дека им се многу мали“, рече Париренјатва.

Тој вети дека во иднина ќе се фокусира на тоа за пазарот во Зимбабве да обезбеди презервативи што одговараат на големината на половиот орган на машките жители на оваа земја.

Зао Чуан, извршен директор на компанијата Beijing Daxiang and His Friends, која се занимава со производство на кондоми, рече дека компанијата би можела да започне да прави поголеми презервативи.

„Поради разните барања на корисниците, како што се мажите во Зимбабве, ние имаме можност и обврска да го подобриме производот. Во моментот правиме првични подготовки за неопходните истражувања“, рече тој.

Последните резултати од анкетата од 2015 година покажуваат дека големината на половиот орган на мажите од Зимбабве во просек изнесува 15,4 сантиметри, а кај просечните Кинези е 10 сантиметри.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s