ДНК го објавија новиот видео спот за песната “Темно е”

ДНК вчера на официјалниот фејсбук профил ја објавија нивната нова песна “Темно е” и видео спот за истата.

Станува збор за композиција од албумот “Уште еден ден”, а посебно за видеото што содржи кадри, односно е измонтирано од делови и моменти од славеничкиот концерт на ДНК по повод 15-годишниот јубилеј одржан на 12 мај во Метрополис Арената.

Advertisements

(Видео) Сека Алексич со нов спот, реакциите не се толку добри

По рецептот кој пред неколку години го постави Бијонсе, визуелниот албум стана стандарт во светот на музиката.
Меѓутоа, за разлика од славната рнб дива, чии видео записи се инвентивни и интересни и достојни да се наречат вистински видео записи, не може истото да се рече и за балканските ѕвезди кои ги претставуваат своите едноставни видео записи во кои одвај се појавуваат две сцени. Последна на мета за замерка се најде Сека Алексиќ кој го претстави и 5тиот видео запис за моменталниот актуелен албум Кома. Еден од коментарите гласеше – Повторно си снимила видео запис за 5 минути и 50 динари. Човек би рекол кога веќе си направила реклама од детето и се во животот и секоја слика на Инстаграм ти е реклама, барем да издвоеше повеќе пари за видео записи.

Неверојатна преработка: „Despacito“ испеана од илјадници луѓе во навивачка верзија и со трубачи (ВИДЕО)

Несомнено е дека „Деспасито“ стана можеби и најголем светски хит во последниов период, имавме видено секакви инструментални преработки, а има и навивачка верзија придружена со трубачи.

Едни од најдобрите навивачи во Аргентина, навивачите на Сан Лоренцо направија одлична преработка на хитот „Деспасито“.

Погледнете како навивачката песна од илјадници грла, во придружба на трубачи и тапани:

Hinchada de SAN LORENZO versionando el “Despacito” de Luis Fonsi

ВИДЕО: Севе со песна за сите бесни и изневерени жени

Севе има нова песна која веќе крева голем прашина кај слушателите.

Текстот за „Mrtav bez mene“ e дело на Дамир Хандановиќ, додека за спотот е „виновен“ нејзиниот долгогодишен соработник, Дарко Дриновац.

И покрај контроверзниот текст во кој се пее за бесот на изневерената жена, песната за само неколку часа од објавувањето доби низа позитивни коментари.

И Србија ја претстави евровизиската песна

Како што се наближува крајниот рок за објавување на сите песни што ќе се натпреваруваат на Евровизија 2017, зејмите учеснички забрзано ги претставуваат своите евровизиски пакети за Киев. Секако дека нам особено нè интересираат песните од соседите, па откако имавме можност да ги слушнеме хрватската и црногорската, деновиве стигна и српската евровизиска песна.

Станува збор за темата насловена „In Too Deep“, која ја пее 35-годишната Тијана Богичевиќ и чии автори се Борислав Миланов, Јохан Алкенас, Лиса Ен-Мари Линдер и Јоаким Персон, кој е еден од авторите и на нашата евровизиска песна.

Ед Ширан преработи песна на Џастин Бибер која е подобра од оригиналот

Пред Џастин Бибер да ги освои топ листите со „Love Yourself“, Ед Ширан долго време ја пеел, бидејќи тој самиот е автор на истата.

По одредено време, откако му ја додели на Џастин, реши самиот да ја препее и тоа во живо на радио KISS FM, а неговиот препев излезе подобар и од оригиналот.

Покрај оваа песна, Ед има напишано и многу други песни кои станале хитови, како што се „Lay It All On Me“ на Rudimental, „Say You Love Me“ на Џеси Вајр и „Little Things“ на One Direction.

Христијан Тришоски директно во третиот круг

Македонецот Христијан Тришоски својот настап во вториот круг го започна со евергринот „Море сокол пие“, за на крај да ја отпее „Боже чувај ја од зло“ од легендарниот Тоше Проески и да ги освои сите гласови од стручното жири, а со тоа и директно да се пласира во третиот круг на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

„Сјајно, Христијан! Уште при изведбата на првата песна на сите и беше јасно што се случува тука. Честитки уште еднаш“, прокоментира Ана Бекута и се приклучи на бројните позитивни коментари и овации за маестралниот настап на Тришоски.

Јана Бурческа – Dance Alone (Македонија) | Eurovision 2017 (Видео)

Јана во Киев ќе „Танцува сама“

Стигна долгоочекуваната премиера на песната со која Јана Бурческа ќе нè претставува на 62. издание на „Евровизија“ што ќе се одржува од 9 до 11 мај во Киев. Според она што имавме можност да го видиме и слушнеме во специјалното издание на емисијата „Стисни плеј“, евровизискиот пакет е навистина со светски квалитет, а песната насловена „Dance Alone“ веднаш влегува во уво и сигурни сме дека ќе им биде една од омилените на евровизиските фанови.

Како што е познато, и годинава автори од целиот свет имаа можност да ги праќаат своите композиции во МРТ, на чија адреса пристигнаа над 250 песни. После преслушувањето, во потесен избор влегоа само 10, но како што рече шефицата на македонската делегација, Мери Попова, „Dance Alone“ веднаш им остави најсилен впечаток, а што е уште поважно, одлично ѝ прилега на Јана.

„Dance Alonе“ е дело на доста познат меѓународен авторски тим, кој твори под името „Симфоникс интернејшнал“ (Symphinics International), а интересно е тоа што еден од нив е и авторот на нашата евровизиска песна од 2014 година („Лисја есенски“, Даниел Кајмакоски), Швеѓанецот Јоаким Персон. Песната се снимаше во градови ширум целиот свет, меѓу кои Лондон и Њујорјк, а мастерингот е направен во Берлин. Визуализацијата на „Dance Alonе“, пак, се снимаше во познатиот филмски град во Софија, соседна Бугарија, во режија на младиот руски режисер Сергеј Железко.

Секако дека „Евровизија“ не би била тоа што е без спектакуларните сценски настапи, а за сето тоа Јана ќе се подготвува со шведската кореографка Амбра Сучи, која е „виновна“ и за победничката „Еуфорија“ на Лорин во 2012 година. За изгледот на Јана, пак, ќе се погрижат веќе докажаната македонска дизајнерка Антонија Ристовска и стилистот Александар Билјановски – Дадар, додека за промотивните фотографии се погрижија Ани и Дими.

Преземено од: www.radiomk.com