ДНК го објавија новиот видео спот за песната “Темно е”

ДНК вчера на официјалниот фејсбук профил ја објавија нивната нова песна “Темно е” и видео спот за истата.

Станува збор за композиција од албумот “Уште еден ден”, а посебно за видеото што содржи кадри, односно е измонтирано од делови и моменти од славеничкиот концерт на ДНК по повод 15-годишниот јубилеј одржан на 12 мај во Метрополис Арената.

Advertisements

Христијан Тришоски директно во третиот круг

Македонецот Христијан Тришоски својот настап во вториот круг го започна со евергринот „Море сокол пие“, за на крај да ја отпее „Боже чувај ја од зло“ од легендарниот Тоше Проески и да ги освои сите гласови од стручното жири, а со тоа и директно да се пласира во третиот круг на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

„Сјајно, Христијан! Уште при изведбата на првата песна на сите и беше јасно што се случува тука. Честитки уште еднаш“, прокоментира Ана Бекута и се приклучи на бројните позитивни коментари и овации за маестралниот настап на Тришоски.

Јана Бурческа – Dance Alone (Македонија) | Eurovision 2017 (Видео)

Јана во Киев ќе „Танцува сама“

Стигна долгоочекуваната премиера на песната со која Јана Бурческа ќе нè претставува на 62. издание на „Евровизија“ што ќе се одржува од 9 до 11 мај во Киев. Според она што имавме можност да го видиме и слушнеме во специјалното издание на емисијата „Стисни плеј“, евровизискиот пакет е навистина со светски квалитет, а песната насловена „Dance Alone“ веднаш влегува во уво и сигурни сме дека ќе им биде една од омилените на евровизиските фанови.

Како што е познато, и годинава автори од целиот свет имаа можност да ги праќаат своите композиции во МРТ, на чија адреса пристигнаа над 250 песни. После преслушувањето, во потесен избор влегоа само 10, но како што рече шефицата на македонската делегација, Мери Попова, „Dance Alone“ веднаш им остави најсилен впечаток, а што е уште поважно, одлично ѝ прилега на Јана.

„Dance Alonе“ е дело на доста познат меѓународен авторски тим, кој твори под името „Симфоникс интернејшнал“ (Symphinics International), а интересно е тоа што еден од нив е и авторот на нашата евровизиска песна од 2014 година („Лисја есенски“, Даниел Кајмакоски), Швеѓанецот Јоаким Персон. Песната се снимаше во градови ширум целиот свет, меѓу кои Лондон и Њујорјк, а мастерингот е направен во Берлин. Визуализацијата на „Dance Alonе“, пак, се снимаше во познатиот филмски град во Софија, соседна Бугарија, во режија на младиот руски режисер Сергеј Железко.

Секако дека „Евровизија“ не би била тоа што е без спектакуларните сценски настапи, а за сето тоа Јана ќе се подготвува со шведската кореографка Амбра Сучи, која е „виновна“ и за победничката „Еуфорија“ на Лорин во 2012 година. За изгледот на Јана, пак, ќе се погрижат веќе докажаната македонска дизајнерка Антонија Ристовска и стилистот Александар Билјановски – Дадар, додека за промотивните фотографии се погрижија Ани и Дими.

Преземено од: www.radiomk.com

 

 

Тијана Дапчевиќ го претстави својот нов сингл и видео запис насловен „Ресет“

Тијана Дапчевиќ го претстави својот нов сингл и видео запис насловен „Ресет“. Песната е дело на авторот Александар Делиќ – Динге, кој се потпишува на музиката и текстот, а аранжманот го направи Махир Сарихоџиќ, додека видеото е дело на „ВИЗ продукција“.

„На сите ни е потребен (некаков) ресет. Тоа е она кога повеќе немате каде, освен да почнете од почеток. Се надевам дека ќе уживате во новата песна, барем онолку колку што уживавме ние додека ја создававме. И го одбравме баш овој датум бидејќи на денешен ден е родена жената без која ни јас самата не би постоела и без чија поддршка ниеден мој почеток не би имал смисла…. Среќен роденден, драга мајко!“, напиша Тијана претставувајќи ја новата песна. Уживајте!