„Продавам мали прасиња“ – си тераа мајтап на повикот на Груевски за протест

98439834.png

Advertisements

(ФОТО) Нема бизнис-класа: Министрите во комбе во Струмица

Министрите во владите на Македонија и на Бугарија денеска со комбе патувале низ Струмица на заедничката седница што се одржа во овој град.

Фотографија од возењето објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а на неа се гледаат министерот Дамјан Манчевски како слика со телефонот, како и Љупчо Николовски, Горан Сугарески, и најбогатиот член на Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во возилото се и членови на Владата на Бугарија, меѓу нив и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

Премиерот Заев доби орден од МПЦ – ОА

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев го пречека Претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов во Водочкиот манастир, во присуство на Митрополитот струмички Наум.

За време на посетата премиерот Заев доби орден, Столен медал од прв ред, од редот на Светиот Македонски Крст, за особен придонес и залагање во севкупниот напредок и афирмација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

05020104

03-1024x683

ФОТО: Се поплави кабинетот на градоначалникот на Шуто Оризари

Актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, испрати фотографии од неговиот поплавен кабинет. Како што вели тој, канцеларијата постојано е во ваква состојба кога врне дожд.

„Според сведоштвата на вработените ваквата ситуација е константна наназад години поради лошата кровна конструкција.

– Претходниот градоначалник Елвис Бајрам наместо да интервенира во кровна реконструкција инвестирал во проширување и реновирање на сопствената канцеларија“, вели Дудуш.kabinet-dudush1-1170x878kabinet-dudush-1024x768kabinet-dudush2-1024x768kabinet-dudush3-1170x1560

Макрадули со „герила акција“: Го покри „ФИРОМ“ на конвенцијата на ООН

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули присуствуваше на отворањето на високиот сегмент на 23-та Конференција на страните на Рамковната конвенција на ООН за климатски промени (COP23) во Бон.

23519308_880307945478144_1340984870702375758_n.jpg

На фотографијата која ја објави Министерството, се гледа дека Макрадули со лист хартија го покрил делот „former Yugoslav“ и останало само „Republic of Macedonia“.

Премиерот Заев дојде со мотор на осветување на црква во Варварица

Премиерот Зоран Заев, кој е член на мото клубот АТВ Струмица, со моторцикл на 4 тркала дошол во иселеното село Варварица во Општина Василево, каде се осветуваше реконструираната црква од 17 век „Св. Петка“ и се одбележуваше 73 години од формирањето на првиот Народноослободителен одбор за Струмичко.

Untitled.png

zaev-so-clenvoite-na-moto-klubot-ATV-strumica-podarija-ikona.jpg

Иванка Трамп во фустан од 17 долари на Викторија Бекам… и изгледа одлично!

Откако Доналд Трамп стана претседател на САД, целото негово семејство е постојана мета на папараците, а најчесто Иванка Трамп.

ivanka-tramp0801

Тоа што беше изненадувачки и што поттикна бројни коментари, е што фустанот со бела кала кој го носеше Иванка Трамп во моментов чини само 17,5 долари.

Својот стилски избор, 35-годишната мајка на три деца го надополни со црни обувки и чантичка.

И мора да признаеме изгледа одлично!

ivanka-tramp0802

Интервју со Меланија Трамп – „ИМАМ СЕКС СЕКОЈА ВЕЧЕР“

Како прва дама на САД, Меланија Трамп во овој момент е во центарот на вниманието. Меѓутоа, бидејќи веќе долго време е во брак со актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, Меланија е одамна позната во медиумите. Додека нејзиниот сопруг има лош однос кон новинарите, таа за разлика од него, е подготвена со нив да разговара за многу работи од приватниот живот. melania-trump_1.jpg

Како пример за тоа се издвојува радио интервјуто од 1999 година, во кое со Трамп и Меланија разговарал култниот радио-водител, Хауард Стерн.

Водителот најпрво разговарал со Трамп, но во еден момент го запрашал дали може да поразговара и со „женската во неговиот кревет“, притоа мислејќи на Меланија, која во тој период се забавувала со богатиот бизнисмен.

Доналд ѝ ја подал телефонската слушалка на Меланија, по што Стерн веднаш ѝ го кажал своето мислење за неа, пренесува британски „Јуниленд“.

melania_3.jpg

„Ти си премногу згодна девојка. Имам видено некои твои слики. Не можев да поверувам, ти си како убав сон. Сакам да те облечам во најсекси облека. Што би сакала да носиш“, ја запрашал водителот Меланија.

Преземено од www.telegraf.mk