Перуанката Мирела го исполни ветувањето: Стриптиз за нацијата по пласманот на СП

Перу по цели 36 години повторно ќе биде учесник на Светско првенство во фудбал, а тоа предизвика невидена еуфорија во оваа земја. Фановите се во екстаза, а перуанскиот модел Мирела Мендез го исполни ветувањето, дека ќе изведе стриптиз за нацијата, доколку фудбалерите бидат учесници на мундијалот. Таа е нејпознатата старлета во земјата и ужива огромна популарност, а го почести сите со својата изведба.

mirela-3mirela-1-615x400

Advertisements

Како шведските навивачи ја тешеа Италија

Навивачите на Шведска се цареви и кога во моментите имаа потполно право да го превртат стадионот од среќа и радост, тие им ја пееја на домаќините „Always look on the bright side of life“. Иако нема утеха ниту за играчите, ниту за навивачите, ни за цела земја која сега ќе мора да го чека Катар 2022

Стави го Инсиње, што ќе сум ти јас

Џампјеро Вентура целосно го изгуби компасот како селектор на Италија и во клучните моменти кога требаше да се нападне Шведска, тој сакаше во игра да го стави ветеранoт Даниеле Де Роси кој бурно реагираше на одлуката бидејќи мислел дека е подобро во игра да го стави Инсиње бидејќи им треба гол по секоја цена.

Зошто служи полукругот на врвот од шеснаесетникот?

Поради фудбалот избивале војни (Хондурас и Ел Салвадор), поради него војни се прекинувале (во Африка со цел двете завоени страни да можат да ги гледаат Дрогба и Жорж Веа). Затоа фудбалот се смета за најважната споредна работа на светот.

Но се поставува прашање колку љубители на фудбалот ги знае сите правила на оваа фантастична игра која ни го прави секојдневието поубаво? На пример зошто служи оној лак/полукруг во облик на латинична буква D на врвот од шеснаесетникот? На кој му текнало да го нацрта и зошто?

Секој пат кога се изведува прекин на било кој дел од теренот, сите играчи коишто не учествуваат директно во изведувањето на прекинот мора да бидат оддалечени од топката најмалку 9,15 метри (при пенал на пример, само изведувачот и голманот мора да бидат внатре во полето, а сите останати надвор).

Кругот на средината од теренот исто така изнесува 9,15 метри.

Во случај кога се изведува пенал, на 9,15 метри од белата точка се наоѓа полукруг кој стои на врвот од шеснаесетникот во облик на D. Никој од играчите не смее да влезе во тој простор (мора да бидат оддалечени најмалку 9,15 метри од белата точка) додека не се изведе пеналот и тоа е единствен момент кога полукругот е важен за играта.

Гол на денот: Ремек-дело на Оливие Жиру (видео)

Најубавиот погодок на денешните квалификациски средби дефинитивно беше дело на Оливие Жиру, откако францускиот ас со фантастичен волеј удар со левата нога го матираше шведскиот голман. Топката доби неверојатно движење, по што домашниот чувар на мрежата можеше само немоќно да проследи како таа му завршува во мрежата.

Сепак, ниту овој еврогол не им помогна на Французите да стигнат до позитивен резултат откако Шведска славеше со 2-1, најпрвин израмнувајќи преку Дурмаз, а потоа во судиското продолжение стигнувајќи до три бода со погодокот на Тоивонен.

Додека сите оддаваа почит на жртвите, Саудијците без срам се загреваа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Саудиска Арабија пред почетокот на квалификацискиот натпревар против Австралија одбија да оддадат едноминутно молчење во чест на жртвите на последните терористички напади во Лондон, во кои животот го загубија и двајца туристи од Австралија.

Австралијците прегрнати оддадоа последно сочувство за загинатите, но фудбалерите на Саудиска Арабија не го почитуваа молкот и се загреваа додека цел стадион беше со нереална тишина оддаваше почит.

Неверојатна преработка: „Despacito“ испеана од илјадници луѓе во навивачка верзија и со трубачи (ВИДЕО)

Несомнено е дека „Деспасито“ стана можеби и најголем светски хит во последниов период, имавме видено секакви инструментални преработки, а има и навивачка верзија придружена со трубачи.

Едни од најдобрите навивачи во Аргентина, навивачите на Сан Лоренцо направија одлична преработка на хитот „Деспасито“.

Погледнете како навивачката песна од илјадници грла, во придружба на трубачи и тапани:

Hinchada de SAN LORENZO versionando el “Despacito” de Luis Fonsi

Можеше да биде јунак, а вака пушти солзи! Еве како Гуидети го ПРОМАШИ финалето

Се играше 96. минута од натпреварот Манчестер Јунајтед – Селта, кога шведскиот напаѓач Џон Гуидети промаши празен гол и промаши финале за гостите од Шпанија. Имено, при 1-1 Буве наместо да шутира, во 96. минута додаде до Гуидети, а поранешниот напаѓач на Манчестер Сити го промаши празниот гол и веќе совладаниот Ромеро. Ако топката завршеше во мрежата и Селта славеше со 1-2, Шпанците ќе играа финале против Ајакс во Стокхолм на 24 мај.

Former Man City striker John Guidetti with an AWFUL miss in the last kick of the game (96th min). Could’ve sent Man United OUT

https://twitter.com/PremHighlightz/status/862785455301029891

Каква мајсторија… Елмаз со гол на сезоната!

Подобрата игра на дерби пресметката од 22. коло во ПМФЛ, Работнички ја круниса со водство од 0-1 на гостувањето против Пелистер во Охрид, и тоа со вистински евро-гол на младинскиот репрезентативец Елиф Елмаз…

Елмаз мајсторски зафати една топка на 16 метри, и со волеј удар биеше под гредата од голот на Пелистер…

Навивач со пaлка го бркаше судијата на мечот Хајдук – Ријека (видео)

Долгоочекуваното дерби во хрватското првенство меѓу Хајдук и Ријека заврши 1:1, но фудбалот беше во втор план. Мечот мина во навредите кон Србите, транспарентите на кирилица и обидот на еден навивач со палка да го претепа главниот судија.

Навивачите на Хајдук, познати под името „Торцида“, најпрвин традиционално започнаа со провокации кон сопрничката група со пораката дека се „пријатели на Србите“, а потоа истакнаа транспарент на кирилица „По морето плови еден мал брод“.

Потоа на стадионот „Пољуд“ домашните навивачи скандираа „За дом спремни“ и „Убиј го Србинот“.

Врв на хаосот беа расистичките навреди упатени кон стрелецот на голот за Ријека Хамзи Бари и влегувањето на еден домашен навивач на теренот, кој со палка во рацете го бркаше главниот судија Марио Зебец.

Инцидент спречија домашните фудбалери кои го сопреа навивачот, а обезбедувањето реагираше дури откако публиката започна да ракоплеска.