Заедничка фотографија на делегациите на Владата на Република Македонија 🇲🇰 и Владата на Република Бугарија 🇧🇬. #МКБГ

Advertisements

(ФОТО) Нема бизнис-класа: Министрите во комбе во Струмица

Министрите во владите на Македонија и на Бугарија денеска со комбе патувале низ Струмица на заедничката седница што се одржа во овој град.

Фотографија од возењето објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а на неа се гледаат министерот Дамјан Манчевски како слика со телефонот, како и Љупчо Николовски, Горан Сугарески, и најбогатиот член на Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во возилото се и членови на Владата на Бугарија, меѓу нив и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

Премиерот Заев доби орден од МПЦ – ОА

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев го пречека Претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов во Водочкиот манастир, во присуство на Митрополитот струмички Наум.

За време на посетата премиерот Заев доби орден, Столен медал од прв ред, од редот на Светиот Македонски Крст, за особен придонес и залагање во севкупниот напредок и афирмација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

05020104

03-1024x683

Избрана новата Мис на светот, по 17 години круната ја враќа во Индија

Индиската убавица Мануши Чилар денеска е избрана за Мис на светот за 2017 година.

Во финалето на изборот за Мис на светот, кој беше одржан во Кина, круната ја понесе 20-годишната студентка по медицина од индиската држава Харајана.

За прва придружничка е избрана Андреа Меса од Мексико, додека втора придружничка е Британката Стафани Хил.

Чилар е шеста Индијка која ја понесе титулата најубава девојка, и круната ќе ја врати во Индија после 17 години.

Manushi Chhillar

На познатата водителка и падна деколтето: Градите на мегдан, фотографите полни раце работа (ФОТО)

Шпанската водителка Адриана Абенија не сакајќи покажа премногу на црвениот тепих.

Но , срамот не запре кога и покажаа дека деколтето и се отворило.

Згодната водителка се засрами и се заврте со грб кон снимателите , кои направија уште поатрактивни фотографии од нејзиниот проѕирен фустан.

Инцидентот се случи на црвениот тепих во Мадрид при доделувањето на наградите на магазинот GQ.

nips1-e1511011363883-640x815nips3-e1511011747775nips2nintchdbpict0003673920981-e1511011653538-640x944nintchdbpict000367577670-e1511013114122

ФОТО: Се поплави кабинетот на градоначалникот на Шуто Оризари

Актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, испрати фотографии од неговиот поплавен кабинет. Како што вели тој, канцеларијата постојано е во ваква состојба кога врне дожд.

„Според сведоштвата на вработените ваквата ситуација е константна наназад години поради лошата кровна конструкција.

– Претходниот градоначалник Елвис Бајрам наместо да интервенира во кровна реконструкција инвестирал во проширување и реновирање на сопствената канцеларија“, вели Дудуш.kabinet-dudush1-1170x878kabinet-dudush-1024x768kabinet-dudush2-1024x768kabinet-dudush3-1170x1560

Перуанката Мирела го исполни ветувањето: Стриптиз за нацијата по пласманот на СП

Перу по цели 36 години повторно ќе биде учесник на Светско првенство во фудбал, а тоа предизвика невидена еуфорија во оваа земја. Фановите се во екстаза, а перуанскиот модел Мирела Мендез го исполни ветувањето, дека ќе изведе стриптиз за нацијата, доколку фудбалерите бидат учесници на мундијалот. Таа е нејпознатата старлета во земјата и ужива огромна популарност, а го почести сите со својата изведба.

mirela-3mirela-1-615x400