Можеше да биде јунак, а вака пушти солзи! Еве како Гуидети го ПРОМАШИ финалето

Се играше 96. минута од натпреварот Манчестер Јунајтед – Селта, кога шведскиот напаѓач Џон Гуидети промаши празен гол и промаши финале за гостите од Шпанија. Имено, при 1-1 Буве наместо да шутира, во 96. минута додаде до Гуидети, а поранешниот напаѓач на Манчестер Сити го промаши празниот гол и веќе совладаниот Ромеро. Ако топката завршеше во мрежата и Селта славеше со 1-2, Шпанците ќе играа финале против Ајакс во Стокхолм на 24 мај.

Former Man City striker John Guidetti with an AWFUL miss in the last kick of the game (96th min). Could’ve sent Man United OUT

https://twitter.com/PremHighlightz/status/862785455301029891

Advertisements

Каква мајсторија… Елмаз со гол на сезоната!

Подобрата игра на дерби пресметката од 22. коло во ПМФЛ, Работнички ја круниса со водство од 0-1 на гостувањето против Пелистер во Охрид, и тоа со вистински евро-гол на младинскиот репрезентативец Елиф Елмаз…

Елмаз мајсторски зафати една топка на 16 метри, и со волеј удар биеше под гредата од голот на Пелистер…

БАБУНСКИ РАСТУРА ВО ЈАПОНИЈА: Мајсторски гол на Македонецот, цел стадион му се поклони (ВИДЕО)

Давид Бабунски, македонскиот фудбалер, кој игра за јапонскиот тим Јокохама, повторно го покажа својот талент. Тој во дуелот на неговиот тим со Консодале Сапоро, постигна гол со кој го крена цел стадион на нозе, а коментаторот не можеше да се воздржи од радост за мајсторијата на нашиот интернационалец.

Во 47. минута од дуелот, Бабунски постигна гол со кој Јокохама поведе со 1:0. До крајот на дуелот следеа уште два гола за Јокохама, со што Бабунски имаше уште поголема причина за славење.