Италија и Шведска на Евровизија ја поздравија Македонија

За време на своите настапи на Евровизија, Италијанскиот и Шведскиот претставник го направија знакот на Македонија. Ова ако не е за поздрав, тогаш не знаеме што е

italija

cela

Advertisements

И Србија ја претстави евровизиската песна

Како што се наближува крајниот рок за објавување на сите песни што ќе се натпреваруваат на Евровизија 2017, зејмите учеснички забрзано ги претставуваат своите евровизиски пакети за Киев. Секако дека нам особено нè интересираат песните од соседите, па откако имавме можност да ги слушнеме хрватската и црногорската, деновиве стигна и српската евровизиска песна.

Станува збор за темата насловена „In Too Deep“, која ја пее 35-годишната Тијана Богичевиќ и чии автори се Борислав Миланов, Јохан Алкенас, Лиса Ен-Мари Линдер и Јоаким Персон, кој е еден од авторите и на нашата евровизиска песна.

Јана Бурческа – Dance Alone (Македонија) | Eurovision 2017 (Видео)

Јана во Киев ќе „Танцува сама“

Стигна долгоочекуваната премиера на песната со која Јана Бурческа ќе нè претставува на 62. издание на „Евровизија“ што ќе се одржува од 9 до 11 мај во Киев. Според она што имавме можност да го видиме и слушнеме во специјалното издание на емисијата „Стисни плеј“, евровизискиот пакет е навистина со светски квалитет, а песната насловена „Dance Alone“ веднаш влегува во уво и сигурни сме дека ќе им биде една од омилените на евровизиските фанови.

Како што е познато, и годинава автори од целиот свет имаа можност да ги праќаат своите композиции во МРТ, на чија адреса пристигнаа над 250 песни. После преслушувањето, во потесен избор влегоа само 10, но како што рече шефицата на македонската делегација, Мери Попова, „Dance Alone“ веднаш им остави најсилен впечаток, а што е уште поважно, одлично ѝ прилега на Јана.

„Dance Alonе“ е дело на доста познат меѓународен авторски тим, кој твори под името „Симфоникс интернејшнал“ (Symphinics International), а интересно е тоа што еден од нив е и авторот на нашата евровизиска песна од 2014 година („Лисја есенски“, Даниел Кајмакоски), Швеѓанецот Јоаким Персон. Песната се снимаше во градови ширум целиот свет, меѓу кои Лондон и Њујорјк, а мастерингот е направен во Берлин. Визуализацијата на „Dance Alonе“, пак, се снимаше во познатиот филмски град во Софија, соседна Бугарија, во режија на младиот руски режисер Сергеј Железко.

Секако дека „Евровизија“ не би била тоа што е без спектакуларните сценски настапи, а за сето тоа Јана ќе се подготвува со шведската кореографка Амбра Сучи, која е „виновна“ и за победничката „Еуфорија“ на Лорин во 2012 година. За изгледот на Јана, пак, ќе се погрижат веќе докажаната македонска дизајнерка Антонија Ристовска и стилистот Александар Билјановски – Дадар, додека за промотивните фотографии се погрижија Ани и Дими.

Преземено од: www.radiomk.com

 

 

Црна Гора ќе оди на „Евровизија 2017“ со Славко Калезиќ и „Space“

Контроверзниот Славко Калезиќ, кого балканската публика го запозна како учесник, а привремено и водител на регионалниот „Х фактор“, е годинешниот евровизиски претставник на Црна Гора. Црномурестиот шоумен денеска ја претстави и песната со која ќе ги брани боите на својата земја, а темата насловена „Space“ е дело ка композиторот Момчило Зековиќ и текстописецот Адис Еминиќ.

Станува збор за песна со брз ритам и малку ретро призвук, чие придружно видео е сосема во стилот на енергичниот Калезиќ, па сигурни сме дека ќе приреди вистинско шоу и на сцената во Киев, а за сето тоа ќе се погрижи добро познатиот Дејан Миличевиќ.

Тој ќе настапи во рамките на првата полуфинална вечер на 9 мај, заедно со Албанија, Словенија и Грција, а во втората полуфинална вечер ќе се натпреварува и нашата претставничка Јана Бурческа, како и претставниците на Србија, Бугарија и Хрватска.

Евровизиски скандал за Хрватска

Кон крајот на минатата недела, Хрватска ја промовираше песната што ќе ја претставува земјата на годинешниот Избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Киев. Станува збор за нумерата „My Friend“ во изведба на популарниот хрватски пејач Жак Худек.

Меѓутоа, како што јави загрепскиот портал „Индекс“, веднаш по промоцијата на песната, многумина корисници на социјалните мрежи почнаа да коментираат дека нумерата „им е позната од некаде“ и дека „веќе ја слушнале“.

Некои корисници на социјалните мрежи сметаат дека песната „My Friend“ на Худек „многу потсетува“ и е „евидентно слична“ со нумера од Дизниевиот анимиран филм „Снежното кралство“. Злобниците одат и дотаму што наоѓаат сличност и во текстот, наведувајќи дека Худек пее „Don’t Let Go“, а во филмот Елса пее „Let It Go“.

Преземено од www.radiomk.com

ВИДЕО: Грција го избра својот претставник на овогодишниот Евросонг

На 69-от Избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Киев, Грција ќе ја претставува пејачката Demy со нумерата „This is Love“.

Победникот беше избран со гласање преку телевоутинг и на жири. Гласањето од телевоутингот учествуваше во 70 отсто од вкупните гласови, а остантите 30 проценти гласови ги определи жири составено од Грци што живеат во Австрија, Азербејџан, Белгија, Германија, Грузија, Италија и Украина.