Како шведските навивачи ја тешеа Италија

Навивачите на Шведска се цареви и кога во моментите имаа потполно право да го превртат стадионот од среќа и радост, тие им ја пееја на домаќините „Always look on the bright side of life“. Иако нема утеха ниту за играчите, ниту за навивачите, ни за цела земја која сега ќе мора да го чека Катар 2022

Advertisements

Стави го Инсиње, што ќе сум ти јас

Џампјеро Вентура целосно го изгуби компасот како селектор на Италија и во клучните моменти кога требаше да се нападне Шведска, тој сакаше во игра да го стави ветеранoт Даниеле Де Роси кој бурно реагираше на одлуката бидејќи мислел дека е подобро во игра да го стави Инсиње бидејќи им треба гол по секоја цена.

Гол на денот: Ремек-дело на Оливие Жиру (видео)

Најубавиот погодок на денешните квалификациски средби дефинитивно беше дело на Оливие Жиру, откако францускиот ас со фантастичен волеј удар со левата нога го матираше шведскиот голман. Топката доби неверојатно движење, по што домашниот чувар на мрежата можеше само немоќно да проследи како таа му завршува во мрежата.

Сепак, ниту овој еврогол не им помогна на Французите да стигнат до позитивен резултат откако Шведска славеше со 2-1, најпрвин израмнувајќи преку Дурмаз, а потоа во судиското продолжение стигнувајќи до три бода со погодокот на Тоивонен.

Додека сите оддаваа почит на жртвите, Саудијците без срам се загреваа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Саудиска Арабија пред почетокот на квалификацискиот натпревар против Австралија одбија да оддадат едноминутно молчење во чест на жртвите на последните терористички напади во Лондон, во кои животот го загубија и двајца туристи од Австралија.

Австралијците прегрнати оддадоа последно сочувство за загинатите, но фудбалерите на Саудиска Арабија не го почитуваа молкот и се загреваа додека цел стадион беше со нереална тишина оддаваше почит.

Неверојатна преработка: „Despacito“ испеана од илјадници луѓе во навивачка верзија и со трубачи (ВИДЕО)

Несомнено е дека „Деспасито“ стана можеби и најголем светски хит во последниов период, имавме видено секакви инструментални преработки, а има и навивачка верзија придружена со трубачи.

Едни од најдобрите навивачи во Аргентина, навивачите на Сан Лоренцо направија одлична преработка на хитот „Деспасито“.

Погледнете како навивачката песна од илјадници грла, во придружба на трубачи и тапани:

Hinchada de SAN LORENZO versionando el “Despacito” de Luis Fonsi

Навивач со пaлка го бркаше судијата на мечот Хајдук – Ријека (видео)

Долгоочекуваното дерби во хрватското првенство меѓу Хајдук и Ријека заврши 1:1, но фудбалот беше во втор план. Мечот мина во навредите кон Србите, транспарентите на кирилица и обидот на еден навивач со палка да го претепа главниот судија.

Навивачите на Хајдук, познати под името „Торцида“, најпрвин традиционално започнаа со провокации кон сопрничката група со пораката дека се „пријатели на Србите“, а потоа истакнаа транспарент на кирилица „По морето плови еден мал брод“.

Потоа на стадионот „Пољуд“ домашните навивачи скандираа „За дом спремни“ и „Убиј го Србинот“.

Врв на хаосот беа расистичките навреди упатени кон стрелецот на голот за Ријека Хамзи Бари и влегувањето на еден домашен навивач на теренот, кој со палка во рацете го бркаше главниот судија Марио Зебец.

Инцидент спречија домашните фудбалери кои го сопреа навивачот, а обезбедувањето реагираше дури откако публиката започна да ракоплеска.

Последните девет минути од синоќешниот епски натпревар (Видео)

Ви ги прикажуваме последните девет минути од синоќешното чудо на Барселона против ПСЖ на Ноу камп. Од голот од слободен удар на Нејмар до оној решавачкиот на Серхио Роберто. Уживајте!

https://twitter.com/FCBW_A7/status/839616998468435970